Спортскиот директор на Милан, Леонардо, изјави дека јавноста не треба да очекува големи инвестиции во клубот во летниот трансфер прозорец.

Според него, евентуалното влегување во Лигата на шампионите ќе игра важна улога.

– Отсекогаш сме биле искрени со Гатузо. Гласините за отпуштање се нормални кога има тешки моменти. Сè што се случува е според планот. Не можеме да очекуваме сè да биде како бајка. Имаше многу промени во клубот, и точно е дека ние не сме во едноставна економска ситуација. Очигледно, нема да има големи инвестиции. Влегувањето во Лигата на шампионите ќе биде одлучувачко во која насока ќе одиме, рече Леонардо.

Милан кој е поранешен европски и италијански шампион, во последните три кола од Серија А се бори да обезбеди место во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 10:05