Двајцата новинари на Ројтерс, кои поминаа 500 дена во затворот во Мјанмар за истражување злосторства над муслуманското малцинство, денеска се ослободени.

Ва и Кјав се најдоа на списокот од 6.520 затвореници кои ги помилува мјанмарскиот претседател Вин Мјинт. Ова е трето помилување што Вин го потпиша по повод традиционалната Нова година, која во Мјанмар почнува од средината на април.

Сопругата на новинарот Ва, Пан Еи Мон ја потврди веста за ослободувањето на новинарите.

Новинарите Ва Лоне (33) и Кјав Сое (29) беа осудени во септември минатата година поради прекршување на Законот за официјални тајни за собирање и добивање доверливи документи.

Тие беа уапсени во декември 2017 година и осудени на седум години затвор во Мјанмар поради нивната истрага за убиствата на Рохинџите муслимани кои ги сториле припадниците на мјанмарските безбедносни сили во Аракана.

Лоне и Сое тврдеа дека двајца полицајци им предале документи во ресторан во северен Јангон, непосредно пред да бидат уапсени од други припадници на полицијата. Еден полициски сведок тогаш изјави дека тоа било замка за новинарите.

Ва Лон и Кјав Сое за агенцијата Ројтерс прибираа докази за злосторствата на безбедносните сили во 2007 година во селото Ин Дин, кога се убиени десет Рохинџи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 10:52