Елиот Розарио (45) е поштар од Провиденс, главниот град на американската сојузна држава Роуд Ајленд, кој примал кокаин од Порторико со намера да го препродава и поради тоа доби една година затвор, условно на три години.

Тој, инаку, е фатен со помош на снимка од видеонадзорот додека испраќал два пакета од поштата во Провиденс. При претресот било утврдено дека тие содржат по 16.000 и 26.000 долари, наменети за исплата на кокаинот.

Федералното обвинителство соопшти дека пронајдените 32.500 долари му биле запленети. Осудениот се изјасни за виновен.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 10:54