Шпанскиот репрезентативец Хуан Мата ќе биде слободен агент на крајот на сезоната, а според весникот „Спорт“, тој има една единствена желба, а тоа е да игра за Барселона.

Манчестер Јунајтед не ја искористи клаузулата со која можеше да го продолжи договорот на Мата со клубот за уште една сезона, а при таков развој на работите, од штабот на поранешниот играч на Валенсија и Челзи веќе требало да бараат следна дестинација.

Каталонското издание пишува уште дека Мата нема да сака висока плата, особено со оглед на другите надоместоци на играчите на „Камп Ноу“. Поранешниот фудбалер на Валенсија бара надомест од редот на 5 милиони евра по сезона, а „Спорт“ тврди дека се помеѓу двата табора веќе е прецизирано.

Искусниот играч од средниот ред рекол „не“ на сите други понуди кои ги добил, но неговото евентуално преминување во Барселона може да стане факт дури по крајот на кампањата на „каталонците“ во Лигата на шампионите.

Европскиот и светски шампион со Шпанија се надева дека ќе потпише договор за една сезона, во кој ќе фигурира клаузула за негово продолжување за уште една.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 18:33