Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо и полудефанзивецот Тиемуе Бакајоко ги „испеглале“ противречностите меѓу себе пред денешниот тренинг на тимот.

Доцна синоќа „росонерите“ ја победија Болоња со 2:1, а во 27-та минута камерите уловија размена на навреди меѓу тренерот и Французинот на резервната клупа. Бакајоко одби да влезе во игра на местото на повредениот Лукас Билиа, што го налути Гатузо.

На денешната средба меѓу двете страни присуствуваа двата директори, Паоло Малдини и Леонардо. Гатузо и Бакајоко се разбрале пред започнувањето на тренингот, кој дава почеток на подготовките за претстојниот натпревар со Фиорентина.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/05/2019 18:34