Фудбалскиот агент Мино Рајола изјави дека не бил изненаден од санкцијата што ја добил. Тој не може да ја практикува својата дејност 3 месеци во Италија . Неговата казна беше наметната од локалната фудбалска федерација и причината не беше јавно објавена.

– За жал, тоа не ме изненади. Сметам дека ова е политичка одлука спроведена спротивно на законот. Причините се темелат на лаги. Се надевам дека правдата ќе триумфира, рече Мино Рајола.

Се верува дека Фудбалската федерација на Италија ја презела оваа мерка поради критиката на агентот кон централата, насочени кон политиката при манифестација на расизам.

– Ќе се борам за правда и за слобода на говорот. Јас ќе се борам за моите права во согласност со законот. Ситуацијата нема да влијае на играчите што ги претставувам, додаде Рајола.

Меѓу клиентите на реномираниот импресарио се Пол Погба, Матаис де Лихт, Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели и Лоренцо Инсиние.

Заедно со Мино, казна доби и неговиот братучед Винченцо, но само два месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 09:25