Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, по победата над Валенсија во вториот натпревар од финалето на Лигата на Европа, рече дека тимот сака да го освои трофејот за да влезе во Лигата на шампионите.

Имавме две можности да влеземе во Лигата на шампионите. Една од нив е Премиер Лигата, но не успеавме. Втората е Лига Европа. Мислам дека сега нашите шанси значително се подобрија. Ова е добра опција да влезете во Лигата на шампионите. Нашата цел е јасна – да сме дел од елитното натпреварување. Но, исто така и победата во второто по квалитет клупско европско натпреварување е значаен момент, рече Емери. Арсенал во борбата за трофејот во Лига Европа на 29 мај во Баку ќе се сретне со Челзи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2019 10:02