Тимот на Манчестер Јунајтед официјално објави дека нема да го обнови договорот на фудбалеротАндер Ерера, и така по крајот на сезоната тој може да премине во друг клуб како слободен агент. „Црвените ѓаволи“ објавија во страница на „Твитер“ видео обраќање на Шпанецот.

– Срцето ми е црвено. Го сфатив тоа уште првиот пат, во кој играв на „Олд Трафорд“ и во моментот кога почнав да го носам дресот. Клуб со илјадници фанови, кои ги почитуваат и паметат сите играчи, кои дале се од себе. Се чувствував посебно, кога слушав како го скандираат моето име. Бев горд кога навивачите одлучија дека сум дел од оваа неверојатна приказна. Секој пат, кога сум го претставувал тимот при победи и порази, дури и кога не можев да помагам на теренот, сфатив што значи овој клуб. Ќе се сеќавам на секој еден од овие речиси 200 натпревари, кои сум ги одиграл со овој дрес. Да играм за најголемиот клуб во Англија беше вистинска чест. Ви благодарам за исклучителните пет години“, вели Ерера.

Играчот од средниот ред се очекува да го одигра својот последен натпревар за Јунајтед утре против Кардиф. Најверојатно, тој ќе оди во Пари Сен Жермен, каде што ќе добие многу поголема плата.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2019 15:03