Капитенот на македонската фудбалска репрезентација беше стрелец на голот за Џенова во денешниот пораз на гостувањето во Бергамо кај Аталанта со 2:1.
Домаќините по оваа победа се на само два чекора до пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.
Во очекување на другите натпревари од 36.коло, се наоѓа на 3.место со 65 бода.
Одамна шампион во Серија А е Јувентус, Наполи го има обезбедено второто место и директен пласман во ЛШ, а за третото и четвртото место покрај Аталанта се борат и екипите на Интер (63 бода), Милан (59), Рома (59), Торино (57) и Лацио 55.
Џенова има 36 бода и се уште е без теоретски обезбеден опстанок.