– Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, ги повика своите играчи да не размислуваат за можната разврска вo Премиер лигата и да се фокусираат само на средбата со Вулверхемптон.

Ливерпул попладнево го игра последниот натпревар оваа сезона во Англиското првенство, а дали ќе биде прв ќе зависи и од резултатот на Манчестер сити.

Треба само да се фокусираме на позитивен резултат на средбата со Вулвс. Би било идеално да завршиме со 97 поени, но тоа не е сè.

Се уште имаме надеж дека нешто друго ќе се случи. Во секој случај, јас сум горд на мојот тим, изјави Клоп. Ливерпул е втор со 94 поени, лидер во Премиер лигата е Манчестер Сити со 95 бода.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 11:42