Ванда Нара уште еднаш изјави дека нејзиниот сопруг Мауро Икарди ќе остане во Интер и наредната сезона.

Нара, која е и агент на напаѓачот, повторно гостуваше во емисијата „Тики Така“, каде што работи како аналитичар.

Таа во емисијата откри дека Икарди не размислува за раскинување со Интер.

Иднината на Аргентинецот во италијанскиот гигант изгледа прилично неизвесна по скандалот со одземањето на капитенската лента и подоцнежното откажување од негова страна да игра за Интер во тек на месец дена.

– Ќе го исклучам телефонот кога ќе се отвори трансфер процорецот. Ќе има понуди, но Икарди останува во Интер. Најдобрите клубови се поврзаа со него, најдобрите тренери го сакаат, но Мауро сака да остане во Интер, прокоментира Нара.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 20:04