Напаѓачот на Барселона и уругвајската репрезентација, Луис Суарез е сигурен дека ќе биде опоравен и ќе биде во можност да учествува на турнирот Копа Америка, кој ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули.

Суарез претрпе артроскопија на десното колено, поради што ќе го пропушти финалето на Купот меѓу Барселона и Валенсија, кое е на 25 мај на „Бенито Виљамарин“.

– Секако во рок од еден месец ќе бидам подготвен да се вратам во игра. Верувам дека ќе бидам подготвен за Копа Америка, прокоментира Суарез за весникот „Ел Паис де Монтевидео“.

Повредите, вели напаѓачот. не се исти како во 2017 година.

– Тогаш повредата беше во ‘рскавицата, а сега е во менискусот, изјави тој.

Уругвај ќе игра на 17 јуни против Еквадор, на 21 јуни против Јапонија и на 25 јуни против Чиле.

Четвртфиналните мечеви на Копа Америка се на 28 и 29 јуни.

Во оваа сезона Луис Суарез постигна 25 гола – 21 во Ла Лига, 3 за Купот и 1 во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/05/2019 20:24