Фудбалерот на Рома, Един Џеко е главниот кандидат за пополнување на празнината во нападот на „неро-азурите“, по заминувањето на Аргентинецот Мауро Икарди.

Според „Газета дело Спорт“, Интер без проблем би ја платил откупната клаузула од 15 милиони евра за Џеко, а репрезентативецот на БиХ го привлекува и платата од околу четири милиони евра годишно.

Џеко е добар избор за Интер поради стилот на игра и фактот дека добро се докажа во италијанската лига.

Сепак, освен Џеко, на листата на желби на Интер се наоѓаат и 28 годишниот Колумбиец Дуван Запата, како и белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку. Запата кој во 45 натпревари за Аталанта постигнал 27 голови е достапен за 40 милиони евра, а за Лукаку, Манчестер јунајтед бара најмалку 60 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 18:52