Весникот „Дејли Рекорд“ денеска излезе со информација дека Баерн Минхен започнал разговори со Манчестер Сити за можноста Лерој Сане да се врати во Германија.

Баварците имаа желба да го земат Сане уште во 2016 година кога играше за Шалке. Тогаш идејата беше да се привлече и да одигра уште една сезона на изнајмување во „кралскосините“.

Во истата година, сепак, Пеп Гвардиола ги напушти Баварците и Сане сакаше да му се придружи во Манчестер.

Неговиот сегашен договор со „граѓаните“ е до 2021 година, па Баерн ќе мора да понуди над 100 милиони евра ако сака да го привлече.

Интересно е што „граѓаните“ сакаат да го продолжат договорот со крилото, но тој самиот одбива да одржи такви разговори.

Во оваа сезона, Сане има 31 лигашки натпревари, од кои во 21 излегол како стартер.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 19:17