За да ја оствари својата желба за трансфер во Барселона, Антоан Гризман се согласил на полоши финансиски услови во договорот на „Камп Ноу“, информира „Екип“. Напаѓачот ќе потпише за плата од нешто повеќе од 17 милиони евра, што е околу 4 милиони евра помалку од неговиот моментален надоместок годишно како играч на „рохиланкос“. Договорот сепак ќе биде за 5 години.

Францускиот стрелец зема рекордна за Атлетико плата поради новиот договор, кој го парафира минатото лето. И тогаш имаше понуда од Барса, поради што раководството се принуди да му ја предложи оваа сума, за да го задржи.

Договорот ќе биде официјално објавен по 1 јули, кога неговата откупна клаузула ќе падне од 200 на 120 милиони евра.

Гризман ќе има 33 години на крајот од неговиот договор со тимот од „Камп Ноу“, ако го исполни до крајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2019 20:08