Ајакс триумфираше со шампионската титула на Холандија по победата со 4:1 над Де Графшап во последниот дуел од „Ередивизи“. На овој начин, гигантот од Амстердам освои двојна круна, откако на 5-ти мај го крена трофејот од Купот на земјата.

Најголемиот конкурент на тимот за титулата годинава, ПСВ го освои последниот дуел од сезоната како домаќин против Хераклес Алмело со 3:1. Натпреварот беше со протоколарен карактер, бидејќи тимот од Ајндховен заостануваше со 3 поени пред последниот круг, додека нивната разлика беше за цели 15 гола полоша од онаа на шампионите (115:31 за Ајакс и 95:25 за ПСВ).

Титулата за Амстердам е под број 34 во историјата на клубот. Таа доаѓа по петгодишната пауза од претходната, освоена во сезоната 2013/2014 под водство на тренерот Френк Де Бур. Освен тоа, момчињата на тренерот Ерик Тен Хаг успеаја да прекинат уште една непријатна серија за тимот. Ајакс за прв пат успеа да освои домашен „дубл“ (шампионат и Куп) по сезоната 2001/2002.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/05/2019 10:41