Челзи во финалето на Лига Европа нема да може да смета на Рубен Лофтус-Чик, кој се повреди на пријателски натпревар.

„Сините“ од Лондон по завршувањето на сезоната во Премиер лигата замина за САД каде одиграа пријателски натпревар против Њу Ингланд Револушен, но на крајот остана без својот везен играч.

Лофтус-Чик во еден момент се пожалил на болка во ногата, а подоцна се утврдило дека станува збор за повреда на Ахиловата пета, поради која фудбалерот го напуштил стадионот со патерици и заштитна чизма. Лекарите утврдиле дека настапот во финалето на Лига Европа за Лофтус-Чик е невозможен, и дека ќе мора да паузира една година.

Интересен е податокот дека од иста повреда пред неколку недели беше повреден еден друг фудбалер на Челзи, Калум Хадсон-Одои.

Инаку, како што и се очекуваше Челзи постигна лесна победа со резултат 3:0, со двата гола на Рос Баркли и еден н Оливие Жиру.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2019 02:33