Манчестер сити, на првиот ден од преодниот рок, кој во Англија започна во четврток, му испрати службена понуда за Родри на Атлетико Мадрид, пишува шпанскиот весник „АС“.

Играчот од средниот ред Родриго Хернандез Касканте познат како Родри има откупна клаузула од 70 милиони евра, а Сити веќе му испратил предлог договор и очекува да биде потпишан од шпански фудбалер.

За 22 годишниот Родри се заинтересирани многу клубови, но тој сака да игра за англискиот клуб бидејќи повеќе му одговара филозофијата на игра на Сити.

„АС“ тврди дека Гвардиола лично разговарал со Родри и дека го наговорил да дојде во Манчестер, додека фудбалерот му порачал на Атлетико дека одлуката ќе ја донесе во најкраток можен рок со цел неговиот досегашен клуб да има доволно време за да му најде замена.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2019 13:44