Лионел Меси го доби најголемото признание на Владата на Каталонија, Крстот на Свети Јуриј, кое се доделува од 1981 година.

Сепак, Меси со своето однесување на гала вечерата го разбесни истото каталонско друштво.

Имено, додека сите присутни во салата и на подиумот ја искористиле приликата за да го изразат својот патриотизам па почнале да скандираат „слобода за политичките затвореници“, и да ракоплескаат, единствено Аргентинецот не го направил тоа, а неговиот бојкот беше очигледен.

Признанието за спортски достигнувања, хуманитарна работа и придонес во каталонското општество, на најдобриот фудбалер во светот, му ја предаде каталонскиот претседател Куим Тора.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/05/2019 13:50