Потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед, ја иницирал разделбата со тренерот Масимилиано Алегри, пишува „Кориере дела Сера“.
Поранешниот чешки фудбалер, како и спортскиот директор Фабио Паратичи, побарале од клубот да го ослободи Алегри.
Според информациите, Недвед дури и поставил ултиматум дека ќе ја напушти „Старата дама“ ако Алегри потпише нов договор со Јуве.
Претседателот на гигантот од Торино, Андреа Ањели, го направил својот избор во корист на Недвед.
Италијанските изданија пишуваат дека Недвед и Алегри влегле во конфликт поради трансфер политиката на клубот.
Алегри го предводеше Јувентус од 2014 година, а под негово водство, тимот освои 11 трофеи – пет италијански титули, четири купа и два Суперкупа.