Радоста на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт по победата над Бенфика во четвртфиналето на Лига Европа донесе на клубот казна од УЕФА. Овој пат „орлите“ беа казнети со 34.500 евра, а причината е „обид за упад“ – дел од фановите на се уште актуелните носители на Купот на Германија се симнаа од трибините и речиси стигнаа до теренот, но беа сопрени навреме, откако нивните миленици се квалификуваа за полуфиналето на турнирот.

Ова не е првиот прекршок на навивачите на Ајнтрахт во евротурнирите оваа сезона. Случките, кои донесоа санкции на клубот, веќе се претворија во навика, откако на гостувањето кај Интер фановите користеа пиротехника и стрелаа со „бомбички“ врз противничкиот сектор. Како резултат на тоа, клубот беше казнет со 50.000 евра, а инциденти имаше и при посетата на Лацио.

УЕФА му наметна на Франкфурт условен период, кој првично беше две години, но потоа беше продолжен на три.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2019 14:55