Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џејми Карагер изјави дека клубот треба да ја разгледа можноста да го врати полудефанзивецот Филипе Кутињо. Бразилецот речиси една и пол година е во Барселона, но не ги оправдува очекувањата и во медиумите постојано се зборува за негова идна продажба од „Камп ноу“.

– Не велам дека треба активно да се обидат да го купат, но ако има можност да го вратат Кутињо за пристоен износ, тогаш да бев на местото на раководството на клубот, јас би го направил тоа. Ни недостасува фудбалер како него во тимот, изјави Карагер, цитиран од „Ливерпул еко“.

Според него, Бразилецот е играч на сосема поинакво ниво.

– Манчестер Сити ги има Бернардо Силва, Давид Силва, Кевин Де Бруин. Во Ливерпул нема таков играч, дополни поранешниот дефанзивец на Ливерпул.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2019 15:12