Дебитантската кампања на Кристијано Роналдо во италијанскиот шампионат беше оценета од локалните експерти и тој беше избран за најкорисен фудбалер на сезоната во Серија „А“.

Португалецот ја освои титулата со тимот на Јувентус, откако помогна со 21 гол и 9 асистенции во 30 натпревари. Тој ќе ја добие својата награда пред почетокот на денешниот натпревар против Аталанта.

Истата награда пред неколку години Роналдо ја освои и во Манчестер Јунајтед и во Реал Мадрид.

Во исто време, посакуваниот од „црвените ѓаволи“ Калиду Кулибали беше прогласен за Најдобар дефанзивец. Фудбалерот на Наполи досега помогна за 13-те „суви“ мрежи на својот тим.

Сите награди:

Најкорисен играч на сезоната: Кристијано Роналдо (Јувентус) Голман на сезоната: Самир Хандановиќ (Интер) Дефанзивец на сезоната: Калиду Кулибали (Наполи) Халф на сезоната: Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Лацио) Напаѓач на сезоната: Фабио Кваљарела (Сампдорија) Најдобар млад фудбалер на сезоната: Николо Ѕаниоло (Рома).



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 14:11