Со нов пораз, Реал Мадрид стави точка на неговата кошмарна кампања и изедначи анти-рекорд. Во дуел од последното коло на Ла Лига, „лос бланкос“ му дозволија на Бетис да ги совлада со 2:0 среде „Сантијаго Бернабеу“. Така мадриѓаните регистрираа 18-ти пораз во сезоната во 57 средби во сите натпреварувања, со што изедначуваат свое „достигнување“ од сезоната 1984/85 и 1995/96 година, кога исто го пречекуваат крајот со толку порази, но во помал број натпревари .
Сега Мадрид финишира на третото место во Ла Лига, но ризикува да заврши со рекордни 21 поен зад Барселона, ако подоцна шампионите го поразат Еибар.
Мечот во главниот град речиси сигурно беше последен за Герет Бејл во дресот на „кралевите“. Напаѓачот сепак мораше да истрпи ново понижување од страна на Зинедин Зидан, кој не го пушти во игра, туку го остави да ја „грее клупата“.
Друг кој речиси сигурно си заминува – Кејлор Навас, одигра одличен меч, откако не дозволи Бетис да забележи многу поголема победа. Голамнот единствен заслужи аплаузи до локалната публика.