Шпанскиот и европски фудбалски великан, Реал Мадрид, за прв пат загуби во Примера две средби по ред под раководство на Зинедин Зидан. Реал денеска е поразен од Бетис со 2:0, а во претходното коло беше совладан од Реал Сосиедад со 3:1.

Зидан го предводеше Реал од сезоната 2015/16 до крајот на шампионатот 2017/18. По неколкумесечна пауза, во март оваа година, се врати на тренерското место но не успеа да го врати тимот на победнички патеки.

За следната сезона, Зидан побара составување тим според неговите желби, во спротивно најави дека повторно ќе се замине.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/05/2019 16:54