Парижаните му испратиле конкретна понуда на Јувентус, во која сакаат Миралем Пјаниќ да го имаат во нивните редови, јавуваат француските медиуми.

Пјаниќ следната сезона би можел да игра во дресот на ПСЖ, откако францускиот клуб му понудил на Јуве 100 милиони евра за услугите на репрезентативецот на БиХ.

Иако се работи за голема сума на пари, Старата дама не планира толку лесно да се откаже од својот играч за врска, за кого се заинтересирани и други големи европски клубови.

Пјаниќ оваа сезона на 44 натпревари постигнал четири голови и осум асистенции, a освен ПСЖ, за него интерес покажуваат и Реал и Барселона.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/05/2019 18:34