Досегашниот тренер на Килмарнок, Стив Кларк, е новиот селектор на Шкотската репрезентација.

Шкотската фудбалска федерација (СФА) извести дека со Кларк потпишале тригодишен договор, според кој новиот селектор ќе биде на шкотската клупа до завршувањето на светското првенство во Катар 2022 година.

Кларк, на кормилото на шкотската репрезентација го заменува Алекс МекЛеиш кој доби отказ поради лошиот старт на квалификациите за европското првенство во 2020 година, а чашата беше прелеана по поразот на гостување во Казахстан.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2019 02:57