Шпанската фудбалска федерација и германскиот гигант за производство на спортска опрема „Адидас“ го прекинаа договорот кој требаше да трае до 2026 година.

Шпанците од 1992 година беа лојални на германскиот бренд, но сега е дојдено време за разделба, откако од шпанската федерација одлучија да ја прекинат соработката. Како причина за ваквиот исход ја наведуваат таа што договорот постигнат во 2017-та не ги задоволува критериумите на законитоста, транспарентноста и праведноста.

Шпанската репрезентација сега треба да бара нов набавувач на спортска опрема, но ако се земе предвид нивното реноме, сигурно нема да чекаат долг за нов бренд. Од „Адидас“ се уште не се огласиле, но шпанската федерација не би смеела да преговара со друг бренд додека има договор со германскиот гигант, инаку би требало да плати велика отштета.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2019 09:51