Тимот на Работнички е победник во Купот на Македонија во кадетска конкуренција, откако денес во финалето одиграно на тренинг центарот „Петар Милошевски“ беа подобри од Шкендија со 4:0 (2:0).
Стрелци на головите беа Давид Тошевски, Димитар Тодоров, Николај Мелов и Дамјан Масевски.
Вчера Шкендија загуби и во финалето за категорија „петлиња. Подобри од тетовци беа фудбалерите на вардар со 2:0.
Во домашниот куп во машка конкуренција остануваат да се одиграат уште младинското финале меѓу Шкендија и Вардар (денес 17 часот), финале за пионери Победа – Њу Старс (22 мај 11 часот), финалето за помлади пионери Академија Пандев – Вардар (29 мај 11 часот) и секако сениорското финале меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев (22 мај 18:30 часот).