Фудбалерот на Арсенал, Ерменецот Хенрик Михтаријан нема да игра на финалето на Лига Европа во Баку, од безбедносни причини.

Веста ја потврдија челниците на лондонскиот клуб, кои соопштија дека репрезентативецот на Ерменија нема да биде на стадионот во Баку на 29 мај на натпреварот против Челзи од едноставна причина, затоа што организаторите не можат да му гарантираат безбедност.

– Внимателно ги разгледавме сите опции со цел Мики да биде дел од екипата, но по разговорот со него и неговото семејство, едногласно се согласивме тој сепак да не патува на финалето, наведе раководството на Арсенал.

Земјата домаќин на финалето на Лига Европа, Азербејџан е во лоши односи со Ерменија, поради долгогодишната војна меѓу овие две поранешни советски републики.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2019 19:26