ПСЖ е во интензивни преговори со Наполи за трансфер на играчот од средниот ред Алан, известува „АС“.

Според истиот извор, 28-годишниот Бразилец ќе го чини парискиот клуб околу 50 милиони евра.

„Принцовите“ биле заинтересирани за Алан уште во јануарскиот преоден рок, но тогаш управата се одлучи за трансферот на Леандро Парадези од Зенит.

Инаку, францускиот шампион сака повеќе да го засили средниот ред за следната сезона, по разочарувањето во Лигата на шампионите.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/05/2019 23:50