Поранешниот фудбалер и селектор на репрезентацијата на Аргентина, Диего Марадона, негираше дека бил уапсен на аеродромот во Буенос Аирес.

Претходно беше објавено дека причината за апсењето била тужбата на поранешната девојка Росио Олива. Тоа бара од него да плати сума од пет милиони фунти. Тие биле во врска шест години и се разделиле во декември минатата година.

– Никој не ме спречи, не бев уапсен. И никој не ме однесе во притвор. Луѓето на аеродромот ме пречекаа прекрасно. Ги потпишав документите што бев должен да ги потпишам и ништо повеќе, изјави Марадона.

Контроверзниот Аргентинец тргна кон дома од Мексико, каде работеше како тренер на локалниот клуб Дорадос.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 12:25