Калчолигашот Интер ќе добие 63 милиони евра во случај да избори учество во Лигата на шампионите, информира „Ла газета дело спорт“.

Според информацијата во италијанскиот весник, во договорите на клубот со спонзорите „Пирели“, „Најк“ и „Сунинг“ стои можност клубот да заработи до 63 милиони евра за влез во елитното натпреварување.

Пред одигрување на последното коло во Серија А, „неро-азурите“ се на 4.место. Во последниот натпревар од шампионатот се среќаваат со Емполи и во случај на победа ќе обезбедат квалификации за ЛШ.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 13:12