Напаѓачот на Баерн Минхен, Арјен Робен, jа напушта Бундеслигата, и следна дестинација во неговата фудбалска кариерата е Премиер лигата, поточно Лестер сити.

Како што јавува „Дејли меил“, Робен во саботата, на финалето на германскиот куп, ќе го одигра последниот натпревар за Баварците, против РБ Лајпциг.

Истиот извор наведува дека поранешниот англиски шампион Лестер е најголемиот фаворит за трансфер на 35 годишниот холандски офанзивен играч.

Робен помина десет сезони со Баерн, период во кој одиграл 308 натпревари и постигнал 144 голови.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/05/2019 16:32