Комисијата за Лиценцирање на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци на клубовите во Првата македонска фудбалска лига, за учество во УЕФА натпреварувања за сезона 2019/2020.

Со лиценца за учество во УЕФА натпреварувања во следната сезона се стекнаа: Академија Пандев, Беласица, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи, додека Вардар и Беласица останаа без лиценца за европски натпреварувања.

По донесените одлуки, ФК Вардар АД – Скопје поднесе жалба до Комисија за жалби за лиценцирање, која ја разгледа и истата ја одби како неоснована, со што ја потврди одлуката на Комисија за лиценцирање, како конечна.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/05/2019 08:05