Интер нема да го купи сенегалскиот напаѓач Кеита Балден, кого оваа сезона го позајми од Монако.
Причината поради која „нероазурите“ одлучија да не ја активираат клаузулата од 30 милиони евра за неговото купување е слабиот резултат што Балден го покажал во изминатата сезона.
Статистиките покажуваат дека 24 годишниот Сенегалец во 29 одиграни натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, постигнал само 4 голови и имал три асистенции, што не било доволно за да го увери раководството на Интер да го задржат во своите редови.
Инаку, италијанскиот клуб за едногодишното позајмување на Кеита од Монако потроши 5 милиони евра.