Големата размена на Маркињо од ПСЖ и Пјаниќ од Јувентус, нема да се случи, но сепак „принцевите“ се заинтересирани Миралем да го облече нивниот дрес.
Италијанските медиуми пишуваат дека иако од размената нема да има ништо, парискиот клуб е многу заинтересиран за босанскиот репрезентативец и дека наводно за него веќе и понудиле на „старата дама“ 100 милиони евра.
Дека нема да има размена стана јасно синоќа по завршувањета на француската Лига 1, кога Бразилецот Маркињо најави дека останува на „Паркот на принцевите“. „Не одам никаде, ќе бидам фудбалер на ПСЖ и следната сезона“, изјави Маркињо.
Големата размена неодамна ја најавија италијанските медиуми, кои пишуваа дека ПСЖ го понудила Маркињо во замена за Миралме Пјаниќ, за кого клубот од Торино побарал дополнителни 20 милиони евра.