Борусија сака да го донесе хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ на „Вестфален“, а понудата до Јувентус изнесува 15 милиони евра, пишува Кориере дело Спорт.

Германскиот вицешампион е одлучен да го добие Манџукиќ од „Стара дама“ иако Хрватот неодамна го продолжи договорот до 2021 година.

Сепак, тешко дека клубот од Торино толку лесно ќе се откаже од Марио знаејќи дека неговата вредност според трансфер пазарот се проценува на 25 милиони евра, и сигурно дека ќе се обиде да заработи што повеќе доколку Хрватот замине во Дортмун.

Инаку, 33 годишниот Манџукиќ последните четири сезони во Јувентус постигнал 44 голови, 24 асистенции на 162 одиграни натпревари.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/05/2019 21:41