Леандро Парадес побарал да замине од ПСЖ уште на овој летен преоден рок.
Француските медиуми пишуваат дека Аргентинецот, кој кај „принцевите“ дојде пред само шест месеци од „Зенит“, никако не може да се навикне на главниот град, така што сега бара екипа каде што може да се чувствува како лидер.
Како можни дестинации на Паредес се наведуваат англиската или италијанската лига. За него во Премиер лигата интерес покажаа Арсенал, Ливерпул и Челзи, а во Серија А веќе долго време е набљудуван од Јуве.
Како и да е, францускиот шампион за ослободувањето на 24-годишниот Леандро ќе побара 45 милиони евра.