Валенсија славеше синоќа против Барселона во финалето на Купот на Шпанија со резултат 2:1, оставајќи ги каталонците без двојна круна.
На Валенсија и беа потребни 17 години за да го освои осмиот трофеј куп, додека Барселона остана на 30 освоени куп со што се уште го држи рекордот на Шпанија. Головите за Валенсија ги постигнаа Гамеиро и Родриго, додека за Барселона Лионел Меси.
За Барселона ова е шесто по ред финале на купот, а пред овој пораз Каталонците четири пати по ред го освојуваат овој трофеј, а последниот пораз го доживеале во 2014 од Реал Мадрид.
Посебно внимание кај спортската јавност по завршувањето на финалето предизвика и бурната реакција на каталонскиот играч Иван Ракитиќ кој по замената во 76 минута, почна да ги шутира шишињата со вода, изразувајќи го на тој начин своето незадоволство.