Играчот за врска на Челзи, Нголо Канте го повредил коленото за време на саботниот тренинг.

Веста која се појави на социјалните мрежи се уште не е потврдена од лондонскиот клуб, но доколку е точна, тогаш „плавите“ ќе имаат сериозни проблеме на финалето на Лига Европа против градскиот ривал Арсенал.

Преостанува да се види дали францускиот фудбалер ќе биде во состојба да игра на финалето во Баку, кое за Челзи е многу важно, особено за тренерот Сари и напаѓачот Азар, кои посакуваат приказната со Челзи да ја завршат во победнички стил.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/05/2019 15:44