Младиот бек на Ајакс, Матијс Де Лихт добил од Манчестер јунајтед понуда која тешко се одбива.
Иако во последно време многу се пишуваше за големиот трансфер на Холанџанецот во Барселона, и дека за таа цел каталонците се подготвени да потрошат 70 милиони евра, последните информации говорат дека „ѓаволите“ дале подобра понуда.
Јунајтед го смета холандскиот фудбалер за иделно решение за својата одбрана, која оваа сезона не се покажа во одлично издание.
Инаку и самиот Де Лихт на почетокот на неделата изјави дека би сакал повторно да игра во ист клуб со Де Јонг, но не потврди каде ќе ја продолжи кариерата.