Напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела стана најдобриот стрелец во Фудбалското првенство на Италија за сезоната 2018/2019.

Триесет и шестгодишниот Кваљарела постигна 26 гола, девет од нив од пенал.

Второто место го поделија Дуван Запата од Аталаната и Кшиштоф Пјонтек од Милан со по 22 погодоци.

Најголемата ѕвезда во Серија А и член на Јувентус, Кристијано Роналдо, првенството во Серија А го заврши на четвртото место, постигнувајќи 21 гол.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 10:59