Манчестер јунајтед, под раководство на Алекс Фергусон го победи Баерн со 5:0, во хуманитарен меч на легендите посветен на 20-годишнината од „тројната круна“ на „црвените ѓаволи“.

Во сезоната 1998/99, Јунајтед предводен од Сер Алекс, освои Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите. Тогаш во финалето од ЛШ во драматичен меч го совлада Баерн со резултат 2: 1. Победничкиот гол на 90 + 3 минута од средбата беше постигнат од сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер.

И овој пат Солскер беше стрелец на еден погодок. Другите четири ги постигнаа Двајт Јорк, Ники Бат, Луи Саха и Дејвид Бекам.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 16:23