Поранешниот тренер на Порто, Тотенхем, Челзи и Зенит, Андре Виљаш-Боаш е пред назначување во францускиот тим Марсеј.

Според „Франс фудбал“, Португалецот ќе потпише двегодишен договор со клубот. Платата на стратегот ќе изнесува 600.000 евра месечно или 7,2 милиони евра годишно.

На чело на Марсеј до крајот на сезоната беше Руди Гарсија, кој го напушти клубот откако не успеа да се квалификува за европски клубски турнири.

Боаш не тренирал клуб од ноември 2017 година, а во 2018 година учествуваше на една од најголемите трки во мотоспортот – „Рели Дакар“



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 18:12