Астон Вила се врати во Премиер Лигата по три сезони поминати во второто ниво на англискиот фудбал по ппобедата над Дерби Каунти со 2:1 во финалето плејофот во Чемпионшип дивизијата.

Анвар Ел Гази (44 ‘) и Џон Мекгин (59’) постигнаа голови на „Вембли“, доволни за победа на тимот од Бирмингем. Осум минути пред крајот, Мартин Вагхорн намали, но тоа се покажа недоволно за „овните“.

Успехот, исто така, ќе донесе сериозни приходи за клубот. Долго време овој натпревар е опишуван како најскап во светот на спортот, а овогодинешната потенцијална дивиденда за победникот се проценува на 170 милиони фунти.

Според финансиските експерти на „Делоит“, износот ќе се зголеми на над 300 милиони ако клубот, кој сега ја освои промоцијата, не испадне од Премиер лигата по првата сезона во елитата.

Дуелот беше гледан во живо од речиси 86.000 гледачи, кои создадоа одлична атмосфера.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/05/2019 18:32