Масимилијано Алегри е опција за наследник на Ернесто Валверде на чело на Барселона, тврдат европски медиуми.

Информациите покажуваат дека италијанскиот тренер решил да си земе една година пауза откако се раздели со Јувентус, но евентуално отпуштање на Валверде, може да ги промени плановите на Алегри.

Барселона ја освои титулата во Шпанија, но дозволи неуспех против Ливерпул во полуфиналето во Лигата на шампионите, а и не успеа да го освои Купот на земјата.

Според шпански извори раководството на Каталонците одржале итен состанок, но претседателот Пеп Марија Бартомеу тврди дека тренерот ја ужива довербата на менаџментот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 03:48