Аргентинскиот менаџер Марсело Биелса ќе продолжи да го води Лидс Јунајтед и следната сезона, откако неговиот договор со тимот од Чемпионшип дивизијата беше продолжен за уште една сезона.

Лидс ја пропушти можноста да се врати во Премиер Лига, откако загуби 3:4 во плејофот од Дерби Каунти. Во регуларната сезона, тимот заврши на трето место, иако речиси до крајот на кампањата се движеше кон директна промоција во елитата.

Во својата тренерска кариера, 63-годишниот Биелса ги предводеше националните тимови на Аргентина и Чиле, шпанските клубови Еспањол и Атлетик Билбао, француските Лил и Олимпик Марсеј и италијански Лацио



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2019 17:04