Триумф во финалето на Лигата на Шампионите против Ливерпул би бил кулминација на проектот на Маурисио Почетино во Тотенхем. Ова го изјави ѕвездата на „петлите“, Хари Кејн пред најголемиот натпревар во историјата на клубот од северен Лондон.
Почетино го презеде тимот на 6-тото место во Премиер лигата пред пет години и за овој период го претвори Тотенхем во еден од водечките тим во Англија и го изведе до финалето во Лигата на шампиони.
– Почетино е огромен. Тој дојде во Тотенхем со план како да го претвори тимот во еден од најдобрите во Европа. Тој заврши одлична работа, навистина е голем менаџер. Момчињата во тимот се подготвени на сè за Почетино. Тој постави високи стандарди и сите гледаат каде е клубот сега, рече Хари Кејн денови пред финалето против Ливерпул во Мадрид.