Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека главниот фокус на „топџиите“ во финалето на Лига Европа ќе биде освојувањето на трофејот, а пласман во Лигата на шампионите е нешто што останува во втор план. Враќањето во најпрестижниот турнир е целта на лондонскиот тим, но Емери инсистира дека добрата игра треба да биде во основата на освојување на трофејот.

– Играчите треба да знаат дека тоа е специјална титула – сите треба да направат се што е во нивна моќ на теренот. За нас првата цел е титулата, а потоа место во Лигата на Шампионите. Ние се боревме за да стигнеме до тука и сакаме да покажеме што можеме, изјави Емери.

Ова ќе биде последната средба во кариерата на чешкиот голман Петер Чех, кој помина 11 сезони во Челзи, пред да се приклучи на Арсенал во 2015 година. Тој започна на сите средби од елиминациите, но Емери не потврди дека оваа серија ќе продолжи во финалето.

– Чех е одличен играч, одличен човек. Сакам да направам нешто важно со него во последната минута од неговата кариера, без разлика дали ќе игра или не, рече Емери.

Според играчот од средниот ред Гранит Џака, тимот одиграл две сезони во Лига Европа, но клуб како Арсенал треба да биде во Лигата на шампионите.

– Мислам дека заслужувавме да завршиме во првите четири во Англија. Тоа не се случи, но тоа е уште една шанса, рече Швајцарецот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2019 01:43